Претседателот на Косовскиот фудбалски сојуз, Агим Адеми, е уапсен во главниот град Приштина и одведен на информативен разговор, објавија локалните медиуми.
Засега не са познати причините за задржувањето на Адеми, но и во минатото тој имаше проблеми со полицијата. Обвинителите во Косово го испитуваа Адеми за економски криминал, злоупотреба на средства и затајување данок.
Минатата недела Адеми беше прогласен за невин за обвинението што му беше покренато во 2012 година, за што првично беше осуден на девет месеци затвор.