Утре Роналдо ја испишува историјата: По 197 пат во дресот на Португалија!

284

Кристијано Роналдо, освен титулата светски првак со својата репрезентација, нема нешто што нема освоено. И покрај возраста, има почни 38 години, тој сеуште нема намера да се откаже од настапите за својата Португалија.

Па така тој утре ја испишува историјата. Имено ако добие шанса да се најде на терен на мечот со Лихтенштајн, меч од квалификациите за ЕВРО 2024, тоа за него ќе биде 197 настап за А-репрезентацијата на Португалија и со тоа ќе стане светски рекордер по број на настапи за една репрезентација. Засега Роналдо го дели првото место со Бадр Ал-Мутави од Кувајт, и двајцата имаа по 196 настапи.

Да кажеме дека на тие 196 мечеви за Португалија, Роналдо постигнал дури 118 голови.

Импресивно, токму затоа е еден од најдобрите фудбалери во историјата.

ПретходноЛео во Аргентина е божество: Кога ќе го претркаш Меси на автопат! (ВИДЕО)
СледноДрама во Плоцк без победник