Џа Морант уште еднаш јавно се извини за своето однесување, но не знае кога ќе се врати на теренот

160

Кошаркарот на Мемфис, Џа Морант, уште еднаш јавно се извини за однесувањето што му донесе суспензија од осум натпревари од НБА лигата.

„Жал ми е за сè. Мојата работа сега е да бидам поодговорен и попаметен“, рече Морант, јавно зборувајќи за првпат по истекот на неговата суспензија.

Сосема друго прашање е кога тој ќе се врати на паркетот. Тренерот на Мемфис, Тејлор Џенкинс изјави дека очекува Морант да игра уште на следниот натпревар против Хјустон, но играчот не се сложува со него.

„Кога ќе почувствувам дека сум повторно во ритам и во добра форма за да се вратам, ќе се вратам“, рекол Морант.

НБА го суспендираше Морант на осум натпревари, откако тој во живо на Инстаграм мавташе со пиштол во стриптиз клуб во Колорадо по натпреварот со Денвер.

ПретходноСкандал „Барселона“: Негреира со парите од Барса носел судии по скапи ручеци и им давал персонализирани подароци
СледноЕве како детално изгледаат новите дресови на Македонија (ФОТО)