Третата осминафинална пресметка од денешната програма во Лигата на шампиони заврши без победник. Висла Плоцк на домашен терен одигра без победник против Нант (32-32). Патникот за четвртфинале ќе биде решен на реваншот во Нант за една недела.
На оваа средба правдата ја делеа македонските судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Полскиот тим по првото полувреме имаше негатива од четири гола (14-18). Во вториот дел целосно ја промени играта, врати на ист начин, и се избори за реми.
Лучин со шест гола беше прв стрелец кај Висла, зад него со гол помалку беше Житников. Кај гостите Ривера Валеро имаше девет погодоци.