Влтко Дробаров продолжи по старо што се вели. Откако и официјално се врати во тимот на Черно Море зимава повторно игра во одлична форма. Постигна и гол во победата над тимот на Септември до 3:0 на домашен терен.
Воедно, дел е од тимот на колото, 24. по ред во шампионатот на Бугарија. Според индексот пак, кој го пресликува учинокот на секој играч на еден натпревар Дробаров е со најдобар скор од дефанзивците во целата лига.
Зимава тој бепе слободен фудбалер откако си замина од Сараево, и реши да се врати во тимот каде што и ја постигна најдобрата форма изминативе сезони. Очигледно не погреши во изборот.