Ристовски: Нема што да криеме, сакаме да почнеме со победа

78

Капитенот Стефан Ристовски утре ќе ја поведе нашата А репрезентација во нов квалификациски циклус од кој е бараме место на уште едно европско првенство. Првиот предизвик е Малта, а на денешната прес-конференција пред мечот, дефанзивецот истакна:

„Се сложувам дека оваа е една од потешките групи во овие квалификации. Низ цел циклус се носевме со тие повреди. Ние не сме репрезентација која може лесно да замени клучни играчи. Доволно сме искусни и се знаеме доста само да сме здрави и живи да направиме нешто. Ооколу шансите… се работи за квалитетни репрезентации, кои конкурираат за освојување на европско, а не за минување на групава. Но, ќе одиме чекор по чекор. Ако отвориме добро утре, тоа ќе ни даде ветар во грб за следните мечеви. Нема што да криеме, сакам да отвориме со победа и тоа е тоа“, смета нашиот капитен.

ПретходноМилевски пред Малта: Утре се зависи само од нас
СледноПатот до Германија: Сè што треба да знаете за квалификациите за Евро 2024