Чихат Арслан е нов тренер на Шкупи

1771

Откако Гоце Седлоски вчера и официјално си замина од клупата на актуелниот шампион на Македонија тимот на Шкупи, денеска на Чаир е промовиран неговиот наследник.

Шкупи повторно посегнува по тренер од Турција, од каде што е и во моментов сопственикот на клубот, а тоа е искусниот стратег Чихат Арслан.

Се работи за екс играч на голем број на клубови во Турција, првенствено на Галатасарај, на Каршијака, Газијантеп, Кочаели и мн други, а како тренер неговото портфолио е уште поинпресивно.
Во минатото ги има водено екипите на Кочаели, Гетстепе, Адана, Маниса, Касимпаша, и многу други, а интернационално искуство има од Босна, каде што со сегашниот сопственик на Шкупи, Ајдин Олгун заеднички беа дел од тимот на Челик Зеница.

Арслан има за задача во моментов да го поведе Шкупи во нова битка за титулата, а секако сезонава има голема конкуренција за тоа во екипите на Струга ТЛ односно Шкендија.

 

ПретходноОзил рече доста е
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА ПРОДОЛЖУВА СОРАБОТКАТА СО КФСМ