Барди: По Европското и баражот за СП секако дека имаме големи амбиции

98

На неколку часа од стартот на дуелот на репрезентацијата на Македонија против Малта на Арената Тодор Проески од 20:45 часот, јавноста е во исчекување како нашиот најдобар состав ќе ги отвори претстојнтие квалификации.

Пред себе имаме противник кој реално мора да се добие, но не дека ќе ни биде лесно. Лесен противник не постои, тоа е јасно, а особено кога бодовите што се вели ти се однапред впишани.

Сепак, Македонија едноставно мора да се исправи пред предизвикот во моментов. Имаме пред себе квалификациска кампања која ќе ни донесе дуели против една Италија или Англија, но и домашни мечеви како овој вечерашниот против Малта.

„Според последните резултати на овој тим, пласман на Европско првенство, финале во баражот за настап на Светскиот шампионат амбициите сигурно се големи. Но, сето тоа мораме да го заборавиме и да се фокусираме на тоа што не очекува. Посебно за овој прв натпревар со Малта”.
 “За нас е многу важно да почнеме со победа бидејќи нашата цел во оваа тешка група е да забележиме што е можно повисок пласман. Знаеме дека можеме да играме против сите репрезентации, но на секој натпревар мораме да одиграме најдобро што можеме”, вели еден од капитените на Македонија, Енис Барди.
ПретходноСудиска анализа: “Пандевци“ оштетени на дербито, голот на Гаги бил од офсајд!
СледноСо “Лавот“ Адеми ќе удриме по Малта! (ФОТО)