Тимот на Барселона сериозно мисли на иднината, и во таа насока веќе на големо преговара со новото германско фудбалско чудо во името на Флоријан Вирц. Членот на Баер Леверкузен е еден од најталентираните млади фудбалери во Европа, а Барса поита во намерата да го ангажира.
Сериозен проблем во привлекувањето на Вирц ќе биде фактот што тој има договор со „Аспирините“ до 2027 година. Така, германскиот клуб е во одлична позиција и сигурно ќе стави прилично голема цена на еден од своите најперспективни играчи, а Барса во моментов не може да си дозволи да прави големи грешки.
„Кога бев дете, отсекогаш сонував да играм за Барселона. Тоа не се промени, но има време пред тоа да се случи“, сподели Виртц во едно неодамнешно интервју.
Во оваа фаза се претпоставува дека Барса нема да брза, туку ќе продолжи да го следи Германецот следната сезона, а целта на клубот ќе биде да го привлече во својот тим во летото 2024 година.