Забава за фановите на Вардар пред пресметката со Пелистер со бургери и пиво!

1367

До големото ракометно дерби, прво оваа сезона останува уште малку. Вардар 1961 во недела ќе биде домаќин на Пелистер во битката за првото место на титулата, но и за посакуваниот чекор напред кон титулата.

Пред оваа средба, фановите на актуелниот македонски првак ќе се соберат пред салата каде ќе се загреваат со бургери и пиво.

На трибините во СЦ „Јане Сандански“ ќе има навивачите на Пелистер, а пред средбата двата клуба испратија заеднички апел победникот да се решава на терен, а дербито да биде вистински празник на ракометот.

ПретходноСтартуваа квалификациите за ЕВРО 2024: Словенија со пресврт до триумф во Астана!
СледноИма 17 години и е висок 229 см, еве што им прави на своите врсници! (ВИДЕО)