Стартуваа квалификациите за ЕВРО 2024: Словенија со пресврт до триумф во Астана!

118

Попладнево со мечот меѓу Казахстан и Словенија и официјално стартуваа квалификациите за ЕВРО 2024 година. Победник беше гостинската селекцијакоја дојде до победата и тоа со пресврт.

Имено Казахстан на свој терен имаше водство од 1:0 со голот на Самодоров во 24.минута, сепак момците на селекторот Матјаж Кекм, успеаја да го свртат резултатот во своја корист.

Прво Брекало во 47.минута израмни на 1:1, за да Випотник во 78.минута донесе победа.

Овој меч беше во рамките на групата -Х, во коаја покрај овие две селекции се и С. Ирска, Данска, Сан Марино и Финска.

ПретходноСтарт на квалификациите за ЕВРО 2024: Можеме, сакаме, мораме… Македонија оди на победа!
СледноЗабава за фановите на Вардар пред пресметката со Пелистер со бургери и пиво!