У-17: Катастрофален пораз на нашите млади фудбалерки…Германија броеше до 13!

451

Женската У-17 репрезентација на Македонија попладнево на првиот меч од квалификацискиот турнир во Лисабон, претрпе преубедлив пораз од соодветната селекција на Германија со неверојатни 0:13. На полувреме резултатот беше 0:5.

Интересно првите четири голови за Германките, за водство од 0:4 ги постигна извесна Е. Гонзалес, и тоа до 42.минута. Потоа стрелаа Шмидт, Портеља, двапати Кругер, па Родер, Баум, па двапати Шолц, и на крај за конечни 0:13 погоди уште еднаш Портеља.

Во нашата група се и Португалија и Унгарија со кои се среќаваме следните денови.

ПретходноДебакл на стартот против Летонија (ВИДЕО)
СледноСе огласи и Пелистер: Делегираните судии и делегати за мечот со Вардар се професионалци!