Во Бразил 152 сомнителни натпревари во 2022 година, во Русија 92…

204

Бразил е на првото место на листата на сомнителни натпревари за 2022 година, пренесува „Глобо Еспорте“. Податоците се базираат на мултинационална корпорација која собира и обработува спортска статистика за обложувалници, спортски федерации и медиумски компании.

Па така во Бразил во 2022 година се регистрирани 152 натпревари кои се од сомнителна природа.

На второто место е Русија со 92 натпревари, а третото место е Чешка со 56.

Се вкупно 775 сомнителни натпревари се регистрирани во 2022 година, повеќето во ниските лиги.

А ако се земат сите спортови тогаш се доаѓа до бројка од 1212 натпревари со соминителен карактер што е за 34% повеќе во однос на една година претходно.

ТОП 10
1.Бразил   152 сомнителни натпревари
2. Русија              92
3. Чешка              56
4. Казахстан       43
5. Кина 51
6. Грција              40
7. Аргентина     39
8. Филипини     37
9. Полска            36
10. Тајланд         35

 

ПретходноПОЛУВРЕМЕ: Македонија подобра, но нема реализација
СледноКонечно – Елмас отвори со убав гол, на 2:0 зголеми Чурлинов! (видео)