ГОК Борец ја победи Шкендија и обезбеди финале во Купот

207

Во еден одличен натпревар со четири сета, одбојкарите на ГОК Борец ја совладаа Шкендија со 3:1 (14:25, 25:19, 25:17, 25:19) во полуфиналето на завршниот турнир од Купот на Македонија и се изворија за финале в сабота.

ГОК Борец во Радовиш покажа дека има квалитет за финале, каде за противник ќе го има апсолутниот фаворит Струмица Никоб кој во првиот полуфинален меч славеше над Универзитет во Тетово.

Финалето е в сабота од 13 часот, а за утре се закажани полуфиналните пресметки кај дамите, Јанта волеј-Работнички Скопје од 17 и 30 и Наковски волеј-Вардар жени од 20 часот. Преносите се на МРТ-3.

ПретходноФОТО ВЕСТ: Селeкторот Милевски мечот го заврши на трибини!
СледноМилевски: Задоволен сум, се повеќе личиме на тим каков што сакам