Ѕвездата на Далас, Лука Дончиќ, очигледно не сакаше да го прифати поразот од Голден Стејт синоќа, па кон крајот на мечот направи потег за кој го чека сигурна казна од НБА лигата.
Имено, Словенецот на само 1,7 секунди пред крајот, под кошот на Вориорс при водство на гостите од 125:122 тргна да шутира под контакт со Дрејмонд Грин, по што промаши, а не доби ниту фаул.
Поради ова ги загуби нервите и со прстите гестикулираше кон семафорот како да брои пари. Алузијата е јасна, покажувајќи им на судиите дека се платени да судат протѕив Далас.