Елиф Елмас: Тежок натпревар, најважно е што победивме!

339

Елиф Елмас, нашиот Дијамант во второто полувреме ја начна Малта со убав гол за 1:0. Потоа беше полесно, но на крајот сите се “тресевме“, сепак најважно е што се победи.

По натпреварот Елмас изјави:

Знаевме дека ќе биде тешко. Тешко е кога се игра прв меч во квалификации. И Малта има добри играчи, ја играат нивната игра, ние не сме навикнати да ја гледаме вака Малта добро да игра. Најважно беше вечерва да ги земеме тие три бода, и успеавме во тоа. Се знае што значи да почнеш со победа еден квалификациски циклус“.

По поразот на Италија од Англија во нашата група.

Не треба да ги гледаме нашите противници ако се знае од каков калибар се работи. Ние треба да си ја гледаме нашата игра, нашите резултати. За нас сега почнуваат квалификациите, за нас секој меч е тежок. Во јуни не очекуваат два тешки меча. По оваа победа ќе се врати самодоверба“.

За тоа дали чуствуива дека од него се очекува најмногу:

Не, не чуствувам дека од мене се очекува најмногу. Ние сме тим, прво гледам тимскиот дух да биде на највисоко ниво. Не сме се карале за пеналот. Мене не ми е важно кој ќе даде гол, најважно е Македонија да има добри резултати.Не ме изненади голот на Чурлинов, него го знам одамна и знам со каков квалитет располага“ заврши Елмас.

ПретходноБарди: Многу важна победа, потешко е да се игра со Малта отколку против фаворити
СледноСрѓан Захариевски – стручен коментар: Тешко се игра под притисок!