Калин елиминиран во Тулуз

122

Македонскиот тенисер, Калин Ивановски е елиминиран во второто коло од Фјучерс турнирот во Франција, поточно во Тулуз, откако загуби од Хари Венделкен во Велика Британија со максимални 2-0 по сетови 6-1 и 7-6.

Калин првиот сет го загуби што се вели по кратка постапка односно освои само еден гем, додека во вториот пружи сериозен отпор.

Сепак, не успеа да дојде до триумф во истиот што значеше и автоматска елиминација.

 

ПретходноВреме е за триумф: Македонија девет месеци не се радувала на победа!
СледноСудиска анализа: “Пандевци“ оштетени на дербито, голот на Гаги бил од офсајд!