Лацио со доживотни забрани за влез на стадион за тројца свои навивачи

129

Италијански Лацио објави дека тројца навивачи ќе добијат доживотна забрана завлез на стадионот, поради „дискриминација и антисемитизам“, за време на неодамнешното римско дерби.

Првиот, кој беше идентификуван благодарение на камерите за надзор, носеше дрес со натпис „Хитлерсон“ со бројот 88, што во неонацистичкото движење се користи со значење „Хајл Хитлер“.

Римската полиција соопшти дека се работи за Германец, кој го предизвикал и инцидентот на градското дерби во 2009 година.

Останатите двајца беа обвинети дека „наводно“ го користеле фашистичкиот поздрав. Полицијата соопшти дека се работи за романски државјани. Италијанската фудбалска асоцијација веќе го истражува Лацио поради наводните антисемитски скандирања на неговите приврзаници за време на нивното гостување во Неапол на 3 март.

ПретходноЈубилеј: Муслиу вечерва по 50-ти пат ќе го носи дресот на Македонија!
СледноДе Лаурентис ќе го „реши“ Квича на долг рок: Нов договор и ново зголемување на платата