Антоан Гризман беше шокиран од одлуката на Дешам капитенската лента да му ја додели на Килијан Мбапе. 24-годишниот напаѓач го наследи Иго Љорис, кој се повлече од репрезентацијата. Тој цели 14 години, од 2008 до 2022 година, беше капитен на „триколорите“.
Медиумите во Франција на големо пишуваа дека фудбалерот на Атлетико бил видно револтиран, но ситуацијата брзо се смирила. Мбапе го повикал Гризман на разговор по одлуката да го наследи Љорис потенцирајќи дека го разбира зошто е разочаран. Младиот фудбалер истовремено му порачал дека на теренот може да се биде лидер без лента околу раката. Средбата завршила со насмевки, па сега Франција без проблеми може да гледа на нови успеси.