Во Далас синоќа беше вистински НБА циркус. „Чудни“ потези, лоши судиски одлуки, комични ситуации. Синоќа видовме и нешто што досега не сме го виделе на НБА терените.
Имено, по еден тајм-аут на натпреварот меѓу Далас Маверикс и Голден Стејт Вориорс, домашниот тим тргна на погрешен кош. Вориорс застанаа на другиот кош, си ја добија топката и си постигнаа лесни поени.
Цела сала остана во неверување.
The Mavericks came out of the timeout and weren’t guarding the right side of the floor…
Don’t see this very often 😂 pic.twitter.com/iNiCIwIqsV
— Action Network (@ActionNetworkHQ) March 23, 2023
По натпреварот, сопственикот на Далас, Марк Кјубан се обиде да најде зборови за да ја објасни комичната ситуација.
„За оние кои се прашуваат што се случи на 1:54 до крајот на третата четвртина, да објаснам. Судијата ја додели топката за нас, тоа го објави и спикерот во салата. За време на тајм-аутот, судијата си ја променил одлуката, а нас не не извести. Потоа, кога виде дека сме на позиција како да е наша топка, само им ја даде топката на Вориорс. Ниту еден збор не ни кажа. Постигнаа лесен кош. Ова беше најлошата судиска грешка од овој вид во историјата на НБА. Сè што требаше да направат е да ни кажат, а тоа не го направија“, напиша Кјубан.