По првото полувреме без голови на мечот меѓу Македонија и Малта во првиот меч од квалификациите за ЕП. На стадионот „Тодор Проески“ во Скопје, македонскиот национален тим ја има топката во посед меѓутоа гостите добро се бранат и ги одбиваат сите наши напади.
Сите центаршутеви добри ги исфрлија Малтежаните, имавме и една добра акција преку Барди која за малку Миовски не ја претвори во гол (пред него стигна еден од противничките играчи), потоа и Ристовски се најде во позиција за шут од косо, но топката удри во еден гостински дефанзивец.
Ќе мора во вториот дел да ги отвориме Малтежаните и посериозно да го нападнеме противничкиот гол. Вака попусто добро играме кога нема реализација.