Аријан Адеми, и се е кажано. Иконата на Динамо Загреб, еден од нашите најдобри фудбалери во моментов, по цела една година пауза вечерва повторно ќе го заземе своето место во средниот ред на репрезентацијата на Македонија.
Јасно е дека со “Лавот“ и без него Македонија не е иста, тоа се виде и по резултатите во текот на изминатите девет месеци.
Да се потсетиме, Адеми последен пат беше во составот на 29 март 2022 година на “Драгао“ во Порто, кога игравме против Португалија во баражот за СП во Катар.
Сега Адеми одново е со своите другари и тоа на задоволство на сите фудбалски фанови во Македонија, а веројатно со тоа најзадоволен е селекторот Благоја Милевски.
Па затоа со Аријан или Аки, и тоа како ќе удриме против Малта.
Напред Македонија…