Вечерва во Неапол, на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во меч од нашата група -Ц, се среќаваат Италија и Англија. Ова ќе биде реприза од последното финале на ЕП во кое „аѕурите“ триумфираа.
И јасно е дека во градот под Везув од вчера има илјадници фанови од Англија, а дел од нив просто го згрозија фудбалскиот свет.
Тие на нивните знамиња имаа напишано “Диего е во кутија“ со што алудираат дека Диего е мртов, а познато е што тој има значи на сите наполитанци.
Срамно.
Очигледно е дека Англичаните не можат да заборават на таа 1986 година и СП во Мексико, на таа “Божја рака“ и потоа на голот на векот на Марадона.