Екипата на Струмица Никоб го продолжува патот кон својата деветта титула во одбојкарскиот Куп на Македонија. Струмичани се први финалисти на Ф4 завршниот турнир кој се одржува во Радовиш, тие во првиот полуфинален меч славеа победа од 3:0 (25:19, 25:11, 25:23) против тимот на Универзитет Тетово.
Струмица Никоб во сабота во големото финале се среќава со поодобриот од второто полуфинале кое се игра вечерва, меѓу екипите на ГОК Борец и Шкендија.