УЕФА покрена истрага против Барселона, можни се жестоки казни!

513

Европската фудбалска федерација (УЕФА) покрена истрага против Барселона во случајот кој веќе е во тек против каталонскиот клуб, кој се нарекува „случај Негреира“. Раководството на каталонскиот клуб е обвинето дека платило одредени луѓе за подобро судење во првенството.

„Случајот Негреира“ предизвика голем скандал во Шпанија. Наводно, Барселона му платила милиони на Хосе Марија Енрикез Негреира, поранешен член на судиската комисија, за да им даде совети за одредени судии, што ќе им овозможи поправедно судење.

Барселона јасно тврди дека никогаш не влијаела на судиските одлуки. Тие се заканија со бројни тужби и веќе ги покренаа против пет шпански новинари.

Сепак, приказната за овој случај не завршува. По шпанското обвинителство, се вклучи и Европската фудбалска федерација (УЕФА), која покрена истрага против каталонскиот гигант.

„УЕФА смета дека има доволно аргументи за да се отвори постапка за прекршување на правилата. Тие сметаат дека постои случај и одлучија да отворат истрага за „случајот Негреира“. Инспекторите веќе почнаа со работа“, пишува шпанскиот весникот „Марка“.

Шпанските медиуми претходно објавија дека на Барселона поради овој скандал може да и бидат одземени бодови (се споменуваат 15 бодови) во оваа и следната сезона од Ла Лига.

Исто така, се споменува и потенцијална суспензија на каталонскиот клуб од европските натпреварувања на одреден период, но тоа во моментов е навистина тешко за верување.

„Нека биде јасно дека Барселона никогаш не купувала судии и Барселона никогаш немала намера да купува судии, апсолутно никогаш“, е пораката на претседателот на клубот Жоан Лапорта.

ПретходноСо “Лавот“ Адеми ќе удриме по Малта! (ФОТО)
СледноВардар пред дуелот со Пелистер: За нас никогаш не било важно кој ја делел правдата на теренот!