Женската У-17 репрезентација на Македонија попладнево на првиот меч од квалификацискиот турнир во Лисабон, претрпе преубедлив пораз од соодветната селекција на Германија со неверојатни 0:13. На полувреме резултатот беше 0:5.
Интересно првите четири голови за Германките, за водство од 0:4 ги постигна извесна Е. Гонзалес, и тоа до 42.минута. Потоа стрелаа Шмидт, Портеља, двапати Кругер, па Родер, Баум, па двапати Шолц, и на крај за конечни 0:13 погоди уште еднаш Портеља.
Во нашата група се и Португалија и Унгарија со кои се среќаваме следните денови.