Англија славеше над Италија во Неапол (ВИДЕО)

249

Репрезентацијата на Англија ги освои бодовите на првиот квалификациски меч од групата Ц по победата над Италија во Неапол. Англија која ќе биде нашиот нареден противник во квалификациите поведе со 0:2 во првото полувреме со головите на Деклан Рајс и на Хари Кејн.

ГОЛОТ НА РАЈС НА ОВОЈ ЛИНК

ГОЛОТ НА КЕЈН НА ОВОЈ ЛИНК

Во 56 минута за Италија гол постигна дебитантот Матео Ретегуи. За ова момче се пишуваше многу, тој е роден во Аргентина и игра во локалната лига, за Тигре, но има италијански корени, па Манчини го повика во репрезентацијата.

ГОЛОТ НА РЕГЕГУИ НА ОВОЈ ЛИНК

„Аѕурите“ сепак не успеаја да постигнат уште еден гол и да спасат барем бод.

РЕЗУЛТАТИ
КАЗАХСТАН – СЛОВЕНИЈА           1:2
БИХ – ИСЛАНД 3:0
ДАНСКА – ФИНСКА         3:1
ИТАЛИЈА – АНГЛИЈА      1:2
МАКЕДОНИЈА – МАЛТА               2:1
ПОРТУГАЛИЈА – ЛИХТЕНШТАЈН               4:0
САН МАРИНО – С.ИРСКА             0:2
СЛОВАЧКА – ЛУКСЕМБУРГ          0:0

 

ПретходноТри бода на стартот: Со многу пот ја урнавме слабата Малта!
Следно„Бомба“ во Минхен: Нагелсман доби отказ, Тухел е новиот тренер на Баерн!