Барди: Многу важна победа, потешко е да се игра со Малта отколку против фаворити

216

Енис Барди, македонскиот репрезентативец го одигра мечот со Малта и беше доста активен во средниот ред и нападот. Тој е среќен за победата затоа што, како што вели, Малта е тежок противник заради нивниот дефанзивен стил на игра и постојано затворање на приодите кон голот.

Тежок е секој натпревар, а ова е заслужена победа. Противникот е јак, дојдоа спремни да освојат бодови против нас. Мислам дека во второто полувреме бевме поконкретни, шутиравме прецизно за разлика од првото полувреме кога шансите не ги завршувавме како што треба.

На крај среќен сум поради трите бода кои се многу важни. Ќе одиме чекор по чекор во квалификациите, првиот чекор го направивме. Овој циклус е новост за сите нас и секој од нас доаѓа тука со друг менталитет. Ќе дадеме сè од себе на секој натпревар. Имаме силна група и ќе видиме што ќе биде.
Ќе дадеме се од себе на наредните мечеви (против Англија и Украина), а мислам дека е многу потешко да се игра со Малта која е екипа која се брани речиси цело време и чека контра напади отколку против фаворити. Имаме многу квалитетна група и ќе видиме што ќе излезе на крај.

Имавме водство од 2:0, па примивме таков гол што го крена противникот кој се потруди да направи пресинг во финишот, меѓутоа не видов дека имаа некоја чиста ситуација за 2:2. Имаше еден корнер кој не беше критичен. Сепак, ова е фудбал и мораме да бидеме сконцентрирани сите 90+ минути. Многупати сум кажал кога играме дома пред оваа публика  можеме да направиме убави моменти“, изјави Барди.

 

ПретходноМилевски: Задоволен сум, се повеќе личиме на тим каков што сакам
СледноЕлиф Елмас: Тежок натпревар, најважно е што победивме!