ВО ЖИВО: МАКЕДОНИЈА – МАЛТА 2:1

510

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2024
МАКЕДОНИЈА – МАЛТА    2:1
Стрелец: Елмас 67 и Чурлинов во 71 минута – Јаник 86 минута
Стадион: Тодор Проески во Скопје

КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ. МАКЕДОНИЈА ЈА СОВЛАДА МАЛТА И ГИ ОСВОИ БОДОВИТЕ НА ПРВИОТ МЕЧ ОД ГРУПАТА Ц ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП.

90+4 мин. Црвен картон за нашиот селектор Милевски. Ќе паузира следниот квалификациски меч

86 мин. ГОЛ ЗА МАЛТА. Лоша реакција на македонската одбрана, а Јаник се најде на вистинското место и ја испрати топката во мрежата.

77 мин. – Милан Ристовски влегува на местото на Миовски, а Стефан Ашковски на местото на Алиоски

Конечно – Елмас отвори со убав гол, на 2:0 зголеми Чурлинов! (видео)

71 мин. УШТЕ ЕДЕН ГОЛ ЗА МАКЕДОНИЈА. Дарко Чурлинов се намести на левата нога и шутира во мрежата на противникот

67 мин. ГОЛ ЗА МАКЕДОНИЈА. Алиоски нафрли, Миовски со глава спушти на 15-тина метри, а Елмас шутира во трк во голот на Малтежаните

60 мин. СЕПАК НЕМА ПЕНАЛ. Судијата Кристо Тохвер проверува преку ВАР снимка и покажува дека немало контакт на Камензули со Миовски. Судијата  му покажа жолт картон на нашиот играч.

59 мин. – Шут на Алиоски, малтешкиот голман брани. Но еден играч на Малтежаните го фаулира Миовски по што е досуден пенал.

58 – Двојна измена за Македонија: Несторовски место Трајковски, на местото на Велковски влегува Чурлинов. Нашиот тим ќе биде уште понапаѓачки

50 мин. – Добра нафрлена топка, Миоски со глава но не успеа да погоди, противничките играчи расчистуваат

45 мин. – КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ. Македонија е подобра на теренот, меѓутоа реализацијата затаи.

43 мин. – Ристовски се обиде, но неговиот удар е изблокиран

41 мин. – Алиоски центрира, Миовски со глава покрај голот

21 мин. – Барди одлично нафрли по земја од десно, а Миовски за малку ќе погодеше.

10 мин. – Ништо спектакуларно не се случува на мечот. Неколку нафрлувања на македонските фудбалери кои дефанзивците на Малта лесно ги расчистуваа. Малтежаните еднаш беа во позиција за шут, но ударот заврши далеку над голот

1 мин. – Почна натпреварот

Стартните единаесет на Македонија се:
Димитриевски, Зајков, Муслиу, Велковски, Алиоски, Ристовски, Атанасов, Барди, Елмас, Миовски и Трајковски.

Старт на квалификациите за ЕВРО 2024: Можеме, сакаме, мораме… Македонија оди на победа!

ПретходноКристијано Роналдо стана светски рекордер
СледноИ славниот Белодедиќ е во Скопје, ја гледа Македонија! (ФОТО)