Време е за триумф: Македонија девет месеци не се радувала на победа!

94

А, кога, ако не вечерва. А, кога, ако не вечерва против Малта во првиот меч од квалификациската група-Ц за пласман на ЕВРО 2024. Време е за триумф, време е за победа, време е да се прекине лошата серија, серија без победа на А-репрезентацијата на Македонија која трае еве веќе девет месеци.

Имено момците на селекторот Благоја Милевски не се радувале на победа, а и нас не не израдувале на триумф, дури од 12 јуни 2022 година кога на Арената во Скопје во меч од Лигата на Нации го “смачкавме“ Гибралтар со 4:0.

Од тогаш па наваму, на тие пет натпревари, тука ја сметаме и онаа со С. Арабија, имаме четири порази и само едно реми, немаме победа.

Оваа лоша серија почна со Грузија на гости (0:2), па продоли со Бугарија дома (0:1), следуваа дуелите со С. Арабија (0:1), Финска (1:1) и на крај Азербејџан (1:3).

Јасно е дека тие последни три пријателски средби беа подготивка за она вистинското, за квалификациите за ЕВРО 2024. Па, тие квалификации денеска стартуваат и време е нашите “рисови“ да покажат што знаат.

Напред Македонија…

ПретходноВо Барса е голема гужва, нема повеќе место за Циндриќ
СледноКалин елиминиран во Тулуз