Де Лаурентис ќе го „реши“ Квича на долг рок: Нов договор и ново зголемување на платата

523

Годинешниот феномен во дресот на Наполи, Грузиецот Квича Кварацхелија, наскоро ќе потпише нов едногодишен договор со наполитанците. Според информацијата на неколку реномирани италијански новинари, Наполи веќе разговарал со агентот на Квича и му понудил ново зголемување на платата за нов договор до плус една сезона.

Де Лаурентис нема намера да разгледува понуди од заинтересираните клубови ширум Европа за Кварацхелија во текот на летото. Грузиецот ќе остане во Наполи затоа што ќе му биде потребен на клубот и во наредниот период, особено ако клубот годинаа по пауза од 30 години за првпат дојде и до Скудетото.

Со 14 гола и 16 асистенции во сите натпреварувања оваа сезона, 22-годишниот фудбалер се наметна како една од претстојните суперѕвезди во светот на фудбалот.

ПретходноЛацио со доживотни забрани за влез на стадион за тројца свои навивачи
СледноСП во атлетика во 2026 година во полскиот град Торун