Дебакл на стартот против Летонија (ВИДЕО)

3115

Високи убедливи 3:0 е конечниот резултат на дуелот на македонската младинска репрезентација во дуелот против Летонија одигран во Анталија. За жал не за нас туку за противникот, кој на овој меч направи се што не направивме ние.

Ги искористи шансите, поточно нашите грешки во потесната одрбана, а тоа што ние имавме повеќе од играта и имавме повеќе ситуации пред противничкиот гол, тоа ама апсолутно е небитно.

Летонија знаеше што сака, се бранеше и пробуваше од контра напади да го загрози нашиот гол што и успеа.

Пузиревскис во финишот на првиот дел искористи една заспаност на нашата одбрана и по една добра комвинација реализираше.

Во вториот дел, ние се обидовме повторно да наметнеме своја игра во што и успеавме но не реализиравме на време па бевме казнети.

На два пати Рекис во 69. односно 83. минута ни пресуди на овој дуел од кој очигледно имаме многу што да научиме. Следуваат мечевите против Финска (25. март) и Словачка (28.март).

ПретходноМбапе го направи првиот потег како капитен и ја реши незгодната ситуација!
СледноУ-17: Катастрофален пораз на нашите млади фудбалерки…Германија броеше до 13!