Дончиќ не можеше против шампионите, Јокиќ за нова победа на Денвер (ВИДЕО)

127

Во борбата за место во плеј-офот на Западот, Голден Стејт извојува победа на гостински терен против Далас со 127:125. Џонатан Куминга беше најефикасен кај актуелните шампиони со 22 поени, два помалку постигна Стеф Кари, а на Далас не му помогнаа ниту 30 поени и 17 асистенции од Лука Дончиќ, кој се врати на теренот по пауза од пет натпревари поради повреда.

Вориорс сега се шести на Западот со 38 победи и 36 порази, додека Далас е деветти со скор 36/37.

Кошаркарите на Денвер беа подобри од Вашингтон со 118:104, со уште една одлична партија на српскиот центар Никола Јокиќ. Ниту еден тим не водеше со повеќе од шест разлика во првото полувреме, а Нагетс потоа стигнаа до плус 21 откако ја добија третата четвртина со 39:16.

Јокиќ мечот го заврши со 31 поен, 12 скока и седум асистенции. Денвер и натаму е водечки тим во Западната конференција со 49 победи и 24 порази.

Мајами на домашен терен го победи Њујорк со 127:120, во уште еден важен натпревар во борбата за плеј-офот. Џими Батлер постигна 35 поени за победничкиот тим, додека Тајлер Хиро додаде 22, со што ми ја донесоа и 700-тата победа во кариерата за тренерот на Мајами, Ерик Споелстра.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Вашингтон – Денвер 104:118

Далас – Голден Стејт 125:127

Мајами – Њујорк 127:120

Торонто – Индијана 114:118

Чикаго – Филаделфија 91:116

Мемфис – Хјустон 130:125

Милвоки – Сан Антонио 130:94

Минесота – Атланта 125:124

Јута – Портланд 115:127

ЛА Лејкерс – Феникс 122:111

ПретходноИсторијат: Македонија има супер биланс со Малта!
СледноГи обвини судиите дека се поткупени, сега го чека сериозна казна (ВИДЕО)