Црвена Звезда славеше над Басконија со 74:63 во 30 коло на Евролигата. Басконија имаше предност во првата четвртина, но Звезда ја презеде иницијативата и го контролираше мечот до крај. За „црвено-белите“ тоа е 13-та победа сезонава и прва после двата порази од Панатинаикос и Барселона.
Најефикасен кај Звезда беше Недовиќ со 20 поени, а кај Басконија Томсон со 15.
Европскиот шампион Ефес повторно е поразен. Вечерва падна на гостувањето кај Алба во Берлин со 95:93. Турскиот тим го впиша 16-тиот пораз сезонава, а Алба деветтата победа.
Кај Ефес најефикасен беше Мициќ со 30 поени, а кај Алба најмногу поени постигна Смит 25.
На другите мечеви Барселона славеше на гости кај Панатинаикос со 88:74, додека Макаби ТА беше подобар на гостувањето кај Лион со 85:67.