До големото ракометно дерби, прво оваа сезона останува уште малку. Вардар 1961 во недела ќе биде домаќин на Пелистер во битката за првото место на титулата, но и за посакуваниот чекор напред кон титулата.
Пред оваа средба, фановите на актуелниот македонски првак ќе се соберат пред салата каде ќе се загреваат со бургери и пиво.
На трибините во СЦ „Јане Сандански“ ќе има навивачите на Пелистер, а пред средбата двата клуба испратија заеднички апел победникот да се решава на терен, а дербито да биде вистински празник на ракометот.