И Малта има суперѕвезда: Роден во Франција, „растура “ во Белгија, сензација во Лигата на Европа (ВИДЕО)

688

Името на Теди Теума не е секојдневно присутно во фудбалскиот свет, но за фудбалот во Малта во послендите три години е „алфа и омега“. Искусниот 29-годишен офанзивен играч за врска во многу нешта потсетува на нашата најголема фудбалска ѕвезда во последната деценија, Горан Пандев, затоа што со своите настапи и искуство на меѓународната сцена е вистински лидер во овој малтешки состав кој од циклус во циклус низ квалификациите се обидува да го подобри својот фудбалски рејтинг.

Теума е роден во Франција во градот Тулон. Таму ги прави и првите фудбалски чекори низ нисколигашите Иерес и Булоњ, за преку екипата на Ред Стар во 2019 година да дојде до потпис со годинешното откритие во фудбалска европа, белгиски Ројал Унион Ст. Жилои.

По скоро четири години активен настап за белгискиот клуб, Теума оваа година блесна заедно со своите соиграчи низ настапите во Лигата на Европа. Неговиот клуб успеа да дојде до четвртфиналето на ова европско натпреварување, а самиот Теума во 7 одиграни средби во Лигата на Европа успеа да постигне 3 гола и да наниже уште 3 асистенции со што статистички е еден од најдобрите играчи на белгискиот тим во Европа. На ова го додаваме и оној гол кој го постигна во Лигата на шампионите против Г. Ренџерс во плеј-оф колото од елиминациите пред овосезонската групна фаза во најсилното европско натпреварување.

На овие 3 гола во ЛЕ и оној во ЛШ, малтешкиот репрезентативец додаде уште 8 гола во белгиското првенство, каде има 28 настапи и одиграни над 2300 минути во тамошната фудбалска елита.

За Малта игра од 2020 година и досега на 16 настапи има два гола во националниот дрес.

ПретходноМакедонија У18 на двомеч во Азербејџан (СОСТАВ)
СледноВо Барса е голема гужва, нема повеќе место за Циндриќ