Вечерва против Малта ќе играме по чертврти пат на 23 март. Имаме досега по една победа, пораз и реми.
Сепак најважно е да се каже дека на 23 март 1994 година, значи на денешен ден пред 29 години, Македонија го одигра својот прв официјален меч како домаќин во својата фудбалска историја. Тоа беше дуелот со Словенија на кој ние победивме со 2:0, и тоа со головите на Серафимовски (2.минута) и прекрасниот волеј на Бошковски (20.минута).
Градски тогаш беше преполн, во ложата беа сите кои нешто значеа за нашата земја во тој момент на чело со тогашниот претседател Киро Глигоров.
Маестрална партија на момците на селекторот Андон Дончевски, фантастична победа. Да потсетиме дека ова беше вториот наш официјален меч од самостојноста, неколку месеци претходно во Крањ, ја победивме истата Словенија со 4:1.
Еве го составот на Македонија на тој меч од 23 март 1994 година во Скопје:
Трајчев, З. Јовановски (Грозданов, Станковски), Канатларовски (Мар. Стојкоски), Љ. Марковски, Серафимовски (Томовски), Г. Георгиевски, Бошковски, Мемеди, М. Стојкоски, Т. Мицевски, Б. Ѓуровски.