Националниот тим на Италија игра против Англија во квалификациите за ЕП. За првпат по 29 години Италија на еден натпревар нема фудбалер на Јувентус во стартниот тим. Тоа последен пат се случило во 1994 година кога тогашниот селектор Ариго Саки не се потпре на ниту еден играч на торинскиот гигант во победата на Италија над Естонија со 2:0 во евро-квалификации.
До ова дојде откако Бонучи и Киеза отпаднаа од составот поради болки за време на последниот тренинг. Тие беа единствените двајца од „Старата дама“ на списокот на Роберто Манчини.
Италија која губи со гол во раната фаза (0:1) тргна со Донарума на голот, потоа Ди Лоренцо, Толои, Ачерби и Спинацола во одбраната, Барела, Жоржињо и Верати во средниот ред и Пелегрини, Берарди и дебитантот Ретегуи во нападот.