Вечерва од 20:45 часот Македонија ги стартува квалификациите за ЕВРО 2024. Вечерва на Арената “Тодор Проески“ ни гостува Малта.
Селекторот Благоја Милевски предмалку го објави стартниот состав со кој ќе го започнеме натпреварот на кој секако дека одиме на победа. Поради повреда во стартниот состав го нема Аријан Адеми.
Стартните единаесет на Македонија се:
Димитриевски, Зајков, Муслиу, Велковски, Алиоски, Ристовски, Атанасов, Барди, Елмас, Миовски и Трајковски.