Претседателот на ФФМ Муамед Сејдини: Да ги бодриме нашите фудбалери, уште еднаш да ја израдуваат Македонија!

150

Во пресрет на стартот на квалификациите за ЕВРО 2024, и тоа со мечот со Малта кој започнува за нешто помалку од еден час, се огласи и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, кој на својот личен ФБ профил повика сите заедно да ги бодриме нашите репрезентативци на овој меч, но и на сите останати во квалификациите за ЕВРО 2024.

Почитувани,

Македонската фудбалска репрезентација денес започнува уште еден поход кон големо натпреварување, пласман на Европското Првенство 2024.

На хартија групата изгледа тешка. Но овие момци досега неколкупати докажаа дека знаат и умеат како да се носат со големите светски репрезентации, и оттука ве повикувам сите масовно да ги бодриме и да им бидеме ветер во грб, кон новите успеси за на крај сите заедно да се радуваме.

Желбата, мотивацијата одлучноста кај сите нив е поголема од било кога, со своите настапи и игри уште еднаш да ја израдуваат Македонија со пласман на големо натпреварување.

Напред Македонија!

Ние веруваме! “

Напиша Сејдини.

ПретходноПознат е стартниот состав: Сепак без Адеми, во нападот Елмас, Миовски, Трајковски…
СледноСкандалозно: Фудбалер од ПЛ, кој играл и на СП во Катар е уапсен поради силување!