Скандалозни вести денеска пристигнуваат од Островот. Имено фудбалер кој игра за неименуван клуб во Премиерлигата, но и кој играл за својата репрезентација на СП во Катар минатата година, е уапсен поради силување. Се знае дека ова се случило во 2021 и 2022 година, клубот знаел а не го суспендирал, досега има две изјави од девојки, а деновиве стигна изјавата и од третата девојка, за трет случај.
Досега се знае дека тој е уапсен во својот дом во северен Лондон, но името не се споменува, ниту пак името на клубот.
Па така ако живее во Лондон, тогаш јасно е дека силувачот е член на некој клуб од Лондон, како Арсенал, Челзи, Тотенхем, Кристал Палас, Фулам…