Со “Лавот“ Адеми ќе удриме по Малта! (ФОТО)

581

Аријан Адеми, и се е кажано. Иконата на Динамо Загреб, еден од нашите најдобри фудбалери во моментов, по цела една година пауза вечерва повторно ќе го заземе своето место во средниот ред на репрезентацијата на Македонија.

Јасно е дека со “Лавот“ и без него Македонија не е иста, тоа се виде и по резултатите во текот на изминатите девет месеци.

May be an image of 1 person and text that says 'MATCH DAY MACEDONIA VS MALTA ARENA "TODOR PROESKI" SKOPJE 20:45H ффm JAKO 5 JAKO'

Да се потсетиме, Адеми последен пат беше во составот на 29 март 2022 година на “Драгао“ во Порто, кога игравме против Португалија во баражот за СП во Катар.

Сега Адеми одново е со своите другари и тоа на задоволство на сите фудбалски фанови во Македонија, а веројатно со тоа најзадоволен е селекторот Благоја Милевски.

Па затоа со Аријан или Аки, и тоа како ќе удриме против Малта.

Напред Македонија…

ПретходноБарди: По Европското и баражот за СП секако дека имаме големи амбиции
СледноУЕФА покрена истрага против Барселона, можни се жестоки казни!