Струмица Никоб е првиот финалист во Купот на Македонија!

139

Екипата на Струмица Никоб го продолжува патот кон својата деветта титула во одбојкарскиот Куп на Македонија. Струмичани се први финалисти на Ф4 завршниот турнир кој се одржува во Радовиш, тие во првиот полуфинален меч славеа победа од 3:0 (25:19, 25:11, 25:23) против тимот на Универзитет Тетово.

Струмица Никоб во сабота во големото финале се среќава со поодобриот од второто полуфинале кое се игра вечерва, меѓу екипите на ГОК Борец и Шкендија.

ПретходноСкандалозно: Фудбалер од ПЛ, кој играл и на СП во Катар е уапсен поради силување!
СледноКристијано Роналдо стана светски рекордер