Кошаркарите на Партизан во уште еден блескав натпревар го совладаа најдобриот тим во досегашниот дел од сезоната во Евролигата, грчки Олимпијакос со 90-75 во натпреварот од 30. Коло. Во белградска „Арена“, „црно-белите“ направија џиновски чекор кон пласман во Топ 8.
По овој триумф Партизан има скор од 17 победи и 13 порази и се израмнети на шестото место со Макаби од Тел Авив. Гостите од Пиреја и по поразот вечерва остануваат лидери во Евролигата, но сега имаат ист сооднос победи-порази како Реал Мадрид.
Џејмс Нунели со 19 и Кевин Пантер со 17 поени беа најдобри вечерва во тимот на Партизан. Најефикасен на натпреварот беше МекКисик со 21 поен.
Во останатите дуели од ова коло, Монако ја совлада Валенсија до 90-79, додека Реал (М) немаше поголеми проблеми на гости во Болоња против Виртус, победувајќи го со 96-79. Прв Фенербахче славеше денеска и тоа со 87-79 над Жалгирис.