Еден и единствен: Кристијано Роналдо урива рекорди како од шега!(ФОТО)

239

Кој сака нека каже ама Кристијано Роналдо е меѓу најдобрите во историјата на фудбалот. Ваков, онаков, ама човекот е фудбалски генијалец.

Урива рекорди како од шега. Така и синоќа, на мечот на неговата Португалија и Лихтенштајн кој заврши со победа на Роналдо и компанија од 4:0.

Тој од синоќа е апсолутен светски рекордер со најмногу настапи за една репрезентацијата. Роналдо синоќа го одигра 197 натпревар за својата Португалија и стигна, со тие два гола, до бројката од 120 голови за својата селекција.

Има уште од рекордите. Роналдо со своите два гола синоќа, први во 2023 година, се впиша во историјата како фудбалер кој во 20 календарски години се впишал во листата на стрелците за Португалија.

Импресивно.

Image

ПретходноОваа Македонија може и мора многу повеќе!
СледноСкандал: Тенисери “продавале“ гемови за 400 евра, а натпревари за 2.000 евра!