Нови проблеми за англискиот премиерлигаш Евертон. Тимот кој се бори за опстанок во Премиер лигата се најде во други проблеми, затоа што од Премиер лигата покренале истрага за кршење на Финансискиот фер плеј врска со неговото трошење минатата сезона.
Премиер лигата го упати Евертон до независна комисија поради прекршување н правилата кои диктираат дека на клубовите им е дозволено да загубат најмногу 105 милиони фунти во текот на три години.
Евертон регистрирал загуби од неверојатни 371,8 милиони фунти за истиот период. Клубот оди под истрага, а поради ова ќе добие казна со одземање на бодови што уште повеќе ќе им ја усложни работата бидејќи можат да паднат во Чемпионшип поради што загубите ќе бидат уште поголеми.