Пелистер ги полни батериите во Маврово пред дербито со Вардар

274

Викендот пред нас ќе биде доста интересен кога станува збор за домашниот ракометен шампионат. Во СЦ Јане Сандански за првпат сезонава силите ќе ги одмерат двата најголеми кандидати за титулата, Вардар 1961 и Пелистер.

Пред мечот во недела, битолчани заминаа на кратко во Маврово, а веќе утре ќе се упатат кон Скопје каде ќе одржат тренинг пред големата пресметка.

Добро е познато дека двата тима излегоа со заедничко соопштение, побараа од своите фанови да се воздржат од било какви неспортски потези, апелираа победникот да се решава на теренот, не на трибини.

ПретходноНагелсман со девојката скијаше во Австрија, од медиумите дозна дека е сменет!
Следно24 март: Една година од чудото во Палермо! (ВИДЕО)