Спектакл: “Монументал“ експлодира, Меси со гол бр.800…вака се пее химната, емоции и солзи! (ВИДЕО)

2985

Аргентина – Панама 2:0 синоќа во Буенос Аирес во првиот меч за “гаучосите“ после освојувањето на светската титула во Катар. Иако беше пријателска средба, иако беше само 2:0 против тоталниот аутсајдер, сепак се беше перфекција и спектакл на “Монументал“.

Прво поради начинот на кој беше испеана химната на Аргентина од 80.000 фанови, солзите на Лео и Скалони, и носењето на пехарот на теренот, а потоа и поради голот на Лео Меси и тоа гол бр.800 во својата фантастична кариера, и тоа каков гол.

Чиста перфекција од слободен удар, повод за експлозија на “Монументал“.

Да кажеме дека првиот го беше дело на Алмада во 78.минута а ремек-делото на Лео беше во 89.минута.

Спектакл, ова е таа фудбалска Аргентина…

Секоја чест.

ПретходноДимитриевски: Горд сум што изедначив рекорд на еден од најдобрите во историјата Петар Милошевски
СледноНагелсман со девојката скијаше во Австрија, од медиумите дозна дека е сменет!