Лионел Меси, Нејмар и Фреди Алварез од Шкупи. Ова се фудбалерите од латиноамериканските земји кои имаат реализирано најмногу асистенции во тековната сезона во сите светски лиги.
Специјализираниот сајт „Sofa Score“ објави список со најдобрите асистенти во сезоната 2022/23 на која фудбалерот на македонскиот првак Шкупи, Костариканецот Алварез има 16 асистенции. Тој е на третото место на листата, зад Бразилецот Нејмар со 19 и Лионел Меси со 21 асистенција.