Де Лаурентис: Преговаравме со Алегри, но интуицијата ми кажуваше да го земеме Спалети

359

Наполи си „гази“ во Серија А и е на чекор до шампионската титула во Италија која ја чека долго време. Наполи е предводен од искусниот Лучано Спалети и игра одлично не само во Серија А туку и во ЛШ каде што за првпат се пласира во четвртфиналето.
Спалети ја прими наградата „Берѕот“ за најдобар тренер, а првиот човек на Наполи Аурелио Де Лаурентис раскажа како дошол до ангажман на тренерот на крајот на сезоната 2020/21.

Не одеа работите добро со Гатузо и мораше да менуваме. Гатузо не се чувствуваше среќно и сакаше да си оди. Прво разговаравме со Макс Алегри. Четири пати доаѓаше во мојата канцеларија да ми држи лекции по фудбал. Интуицијата ми говореше да го ангажираме Спалети. Но моравме да чекаме до јуни, така сакаше тој. Тоа и го направивме.
Тој не препороди. Супер испадна целата приказна. Среќни сме за одлуката да го донесеме него. Тој ќе остане во Наполи подолго“, изјави Де Лаурентис.

„Газета дело Спорт“ пишува дека актуелниот договор на Спалети истекува на крајот на сезоната, а Наполи, сепак, ќе го задржи со тоа што ќе му понуди нов, подобрен.
Идејата е нов двегодишен договор за Спалети вреден околу 4 милиони евра по сезона плус бонуси.

ПретходноСтрашна несреќа на Еспаргаро: Повреди на грбот, белите дробови и пршлените (ВИДЕО)
СледноНаковски Волеј ќе му биде ривал на шампионот во битката за куп пехарот